Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ракометарите на Металург попладнево во салата „Автокоманда“ во Скопје ги почнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Подготовките ќе бидат поделени во три фази според планот на тренерот Иван Марковски. Првата фаза ќе биде во Скопје. Потоа од 3 до 15 август во Маврово ќе се работи на физичката и на техничко-тактичката подготовка и таа фаза ќе биде заокружена со настап на ракометниот турнир во Струга. Во третата фаза во Скопје главен акцент ќе биде уигрувањето на тимот, а предвидени се и неколку пријателски натпревари и настап на турнир во Цриквеница, Хрватска, од 28 до 31 август.

Во пресрет на новата сезона Металург ангажира седум нови имиња, од кои тројца се Французи, браќата Оливие и Кевин Њокас и Абдула Мане, Португалецот Улисис Рибеиро и македонските ракометари Костадин Петров, Бобан Каковски и Димитар Бардаковски.

Ракометната сезона за металурзите почнува на 8 или на 9 септември, со меч од домашното првенство против Пролет.