Фото: Трајан Димитриевски

Ракометарите на Металург во полуфиналето од Купот на Македонија го солвладаа Бутел Скопје со 34-31. Во неизвесниот натпревар во салата во Куманово, играчите на тимот од Автокоманда подобра игра од своите противници, што се покажа доволно за настап во финалето. 

Во првото полувреме, се играше изедначено и резултатот константно се менуваше, за на крајот од првото полувреме бутелчани да го завршат со еден поен предност (17-18).

Во вториот дел, по негативата на полувремето, Металург повторно ја презема иницијативата, за до 40-тата минута во мечот, резултатот да изесува 24-19. До крајот, Бутел константно се обидуваше да го стигне и престигне водството на Металург, но не успеваше.

Кај „сините“ од Автокоманда, најдобар стрелец беше Томислав Јагуриновски девет голови, Шпенде постигна шест, Танкоски и Токиќ по пет. Кај Бутел, Мајиќ постигна осум голови. Дупјачанец на голот на Металург имаше 11 одбрани. 

Металург во финалето го очекува подобриот од натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Работник, кој во 20 часот ќе започне исто така во Куманово. Т.Д.