Во натпревар од третото коло на Купот на ЕХФ, Металург се враќа од гостувањето во Словенија со пет гола негатива, каде вечерва загуби од Горење со резултат 19-24.

Металург беше за нијанса подобар во првиот дел и водеше од 11-10, но Горење го презеде водството во продолжението.

Најефикасни во редовите на Металург беа Серафимов со 4, Танкоски, Мариќ и Поповиќ со по 3 гола, додека кај Горење Кавчиќ постигна 7, а Вердинек 6 гола.

На Металург ќе му бидат потребни најмалку пет гола разлика за пласман во групната фаза на Купот на ЕХФ на реваншот во Скопје.