Фото: Игор Бансколиев

Македонскиот вицепрвак Металург забележа нов пораз во регионалната ракометна СЕХА-лига. Попладнево во СЦ „Јане Сандански“ подобри од Металург беа гостите од Белорусија, Брест Мешков со 34:28.

За Металург ова беше деветти пораз во 11-от натпревар, додека Мешков стигна до шестата победа.

Вториот македонски претставник во СЕХА, тимот на Вардар вчера победи во Ниш на дуелот со Железничар.

Вардар е прв со 27 бода, Металург е на претпоследното (деветто) место со само четири бода.