Ракометарите на Металург не успеаја да ги сопрат брзите напади на шпанскиот вицепрвак Адемар Леон, од кој беа поразени со 32-41 на вечерашното гостување во 3-то коло на групата А, во рамките на Лигата на Европа. 

Домаќинот со брза игра и со контранапади стекна предност од 20-13 на полувремето, која успеа и да ја зголеми во вториот дел за да оствари победа. Македонскиот претставник во завршницата од мечот успеа да го ублажи поразот, откако Шпанците водеа и со 38-24 во 52-та минута.

Милан Поповиќ со осум гола беше најефикасен гола кај Металург, додека Златко Хорват постигна шест, а Бранко Канкараш и Мартин Серафимов по четири, додека кај Адемар Леон се истакнаа Рубен Марчан со осум погодоци од исто толку удари и Гонзало Перез Арсе кој се запиша во листата на стрелците седум пати.

Металург кој претходно загуби и на гостувањето кај Тулуз 29-33, во следното коло од натпреварувањето ќе го пречека австриски Фиверс во вторник, во обид да ја забележи првата победа.