Ракометниот клуб Металург со подготовките за новата сезона ќе почне на 6 август за кога е закажан и првиот собир.

Во меѓувреме новиот тренер, Данило Брестовац, го комплетираше стручиот штаб, при што прв асистент ќе му биде Оливер Димитриоски, додека тренер на голманите останува Петар Мисовски.

Клубот од Автокоманда висинските подготовки ќе ги помине во Маврово и ќе тренира се до 18 август.

Потоа заминува за Струга каде во рамките на Суперкупот ќе се сретне со екипата на Вардар.

По средбата со Вардар, Металург ќе се врати во Скопје и ќе ги продолжи подготовките во Автокоманда. Во овој период се возможни и неколку пријателски натпревари.

Првата официјална средба Металург ќе ја има на 28/29 август против Вардар во рамките на првото коло од новата сезона во СЕХА лигата.