Ракометарите на Металург стигнаа до третата победа во домашното првенство, со 26-25, против екипата на Бутел. Томислав Јагуриновски со осум гола беше најефикасен во победата на Металург. Прва победа и први бодови прокнижија и младите ракометари на Вардар jуниор, кои славеа минимална, но значајна победа на гостувањето кај Струга (24-23). Натпревар со многу голови одиграа ракометарите на Пролет и на Работнички, во кој Пролет стигна до својата трета победа (38-36).

Силен отпор на гостувањето кај Охрид даде и екипата на Радовиш, која попушти во завршницата и не успеа докрај да му парира на домаќинот, кој славеше со 29-25. Со синоќешниот меч, Металург 2 – Пелистер, се комплетира 4. коло од машката Суперлига, по која Металург и Пролет се изедначени на врвот на табелата со по 10 бода. 


РЕЗУЛТАТИ, 4. КОЛО
Металург – Бутел 26-25
Охрид – Радовиш 29-25
Струга – Вардар Ј. 23-24
Пролет – Работнички 38-36
Металург 2 – Пелистер синоќа
ТАБЕЛА
Металург 4 3 1 0 10
Пролет 4 3 1 0 10
Охрид 4 3 0 1 9
Бутел 4 3 0 1 9
Радовиш 4 2 0 2 6
Работнички 4 1 1 2 4
Пелистер 3 1 0 2 3
Вардар Ј. 4 1 0 3 3
Струга 4 0 1 3 1
Металург 2 3 0 0 3 0
Идно коло: Вардар Ј. – Охрид, Бутел – Струга, Пелистер – Пролет, Радовиш – Металург 2, Работнички – Металург.