Ракометарите на Металург и Еурофарм и на Вардар и Пелистер ќе се сретнат во полуфиналните мечеви на годинашниот завршен турнир од Купот на Македонија. Тоа е епилогот по вчерашната куп-ждрепка одржана во Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

На ждрепката беа одредени и полуфиналните двојки во женска конкуренција, во кои Вардар ќе се сретне со Пелистер, а Металург ќе игра против Вардар јуниор. И во двете конкуренции улогата на бранител на титулата ќе ја имаат екипите на Вардар. Избраниците на Раул Гонзалес ќе играат за освојување на 13-от куп-трофеј во клупската историја, додека, пак, вардарки ќе се борат за шестиот, односно петтиот ваков трофеј во низа.

Финалниот турнир во машка конкуренција ќе се игра на 18 и 19 мај во салата „Младост“ во Битола, додека турнирот во женска конкуренција на 19 и 20 мај во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.