Екипата на Металург вечерва го совлада од битолски Еурофарм Работник со 28:21 и обезбеди финале во ракометниот Куп на Македонија, каде што утре ќе се сретне со Вардар.

Играчите на Металург го контролираа резултатот од самиот старт на средбата и во ниту еден момент не дозволија победата да им биде доведена во прашање.

По првите 30 минути скопскиот тим веќе имаше предност од четири погодоци и на пауза замина со 15:11. Во вториот дел разликата се зголемуваше и на крајот мечот заврши со конечни 28:21.

Голманот на Металург Мартин Томовски забележа 20 одбрани, а најдобар поединец на паркетот беше Стефан Дрогиршки од Работник кој постигна осум погодоци, додека Филип Кузмановски средбата ја заврши со пет голови.