Ракометарите на Металург ја продолжуваат турнејата низ Франција во рамки на своите
зимски подоготовки.

По освојувањето на силниот меѓународен турнир во Гренобл, во конкуренција на Ирун
Бидасоа, Истр и Гренобл, вечерва металурзите ќе се сретнат со екипата на Екс ан Прованс, десеттопласирана во најсилната лига на Франција.

Синоќа, екипата по пристигнувањето во овој град го имаше својот редовен тренинг, а денеска е натпреварот на кој се очекува да се одмерат силите со екипата составена од неколку искусни интернационалци, како и квалитетни домашни играчи.

До крајот на подготовките, Металург треба да се сретне со екипите на Ним и на Сан Рафаел, а в петок е враќањето во Скопје.

Марјан Велевски од Гренобл специјално за „Нова Македонија“