Дејан Манасков со Веспрем ќе игра против Кил, а Барселона ќе се соочи со ПСЖ на завршниот турнир во Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020. Ова е резултат на ждрепката влечена во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ), во Виена.

Завршниот турнир е закажан за 28 и 29 декември во Келн, Германија, а учесници ќе бидат двете првопласирани екипи од групите А и Б: Барселона, Веспрем, Кил и ПСЖ.

Лигата на шампионите беше прекината поради пандемијата на коронавирусот па нокаут-фазата од ланското издание воопшто не се одигра.