Македонските ракометари во добра атмосфера го очекуваат вечерашниот меч против Украина (20.30 часот) во рамките на групата Б, со кој го почнуваат настапот на Европското првенство.

Тоа е забележливо според тренингот одработен во Виена утринава.

Во дуел од групата Б, денеска се среќаваат и домаќинот Австрија и Чешка (18.15 ч.).