Фото: Архива

Ракометната репрезентација на Македонија ќе игра против Словенија, Данска и Црна Гора во групата А на Европското првенство што ќе се одржи в година во Унгарија и во Словачка. Ова е резултат од денешната ждрепка влечена во Будимпешта. Македонија беше во третиот барабан во пресрет на извлекувањето на групите.

Македонските ракометари играа против актуелниот светски и олимписки првак Данска во квалификациите за претстојниот континентален шампионат, забележувајќи победа од 33-29 и пораз од 21-37. Националната селекција последен пат се сретна со Словенија на Светското првенство одиграно годинава, каде што беше поразена со 21-31, додека против Црна Гора славеше со 25-24 во контролен меч одигран во јануари минатата година.

Натпреварите од групата А ќе се играат во Дебрецен, со што Македонија го почнува турнирот против Словенија на 13 јануари, а потоа следуваат дуелите со Црна Гора (15 јануари) и со Данска (17 јануари).