Македонската машка ракометна репрезентација, предводена од селекторот Раул Гонзалес, од 11 до 27 јануари ќе биде дел од 26-то Светското првенство (СП), кое првпат ќе се игра во две држави, Германија и Данска. Хернинг и Копенхаген се градовите-домаќини во Данска, додека, пак, во Германија тоа се Берлин, Минхен, Хамбург и Келн. На СП ќе се одиграат вкупно 96 натпревари.

За македонските репрезентативци ова ќе биде шесто учество на СП, а најдобар пласман им е деветтото место во Катар 2015 година. Бранител на титулата светски првак е селекцијата на Франција.