Фото: РФМ

Македонските ракометни кадети го завршија Светското првенство што се одржува во Скопје како 13-ти. Денеска нашите ракометари ја совладаа Аргентина со 29-26 и им се реваншираа на „гауосите“ за поразот во првото коло од групната фаза.

Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје мал број гледачи дојдоа да го видат настапот на кадетските репрезентативци кои го завршија последниот настап на првото Светско првенство за нив.

Во натпревар без особена мотивација, беа преголема борбеност македонските ракометари работите ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 7 гола разлика, 15-8.

Во вториот дел ништо не се смени на теренот, селекторот Брестовац им даде можност на настап на сите играчи, па натпреварот мирно беше приведен до крај.

Кристијан Симоноски беше прв стрелец на денешниот меч за Македонија со 9 гола, Младеновиќ даде 6, а стрелци на по 3 гола беа Ќосевски, Костески, Серафимов и Божиновски.