Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Швајцарија со 25-23 на гости, со фуриозна игра во завршницата од мечот, остварувајќи важна победа во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 година.

Избраниците на Данило Брестовац во последните 15 минути од мечот дадоа десет гола, наспроти петте на противникот, за да слават.

Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен со шест гола, Стојанче Стоилов постигна пет, а Филип Кузмановски и Гоце Георгиевски реализираа по четири пати. Кај домаќинот се истакна Андре Шмид со седум погодоци.

Македонија има две победи по првите две кола во групата 7, исто како и Данска која денеска беше убедлива против Финска со 40-22, додека Швајцарија и Финска забележаа по два пораза.