Девет репрезентации се поделени во две групи, полуфиналето и финалето се идниот викенд, а вкупниот победник обезбедува место во дивизијата А, за ракометарки до 19 години

РАКОМЕТ – МЛАДИНСКИ ШАМПИОНАТ НА ЕХФ ВО СКОПЈЕ

Македонската младинска репрезентација за ракометарки до 19 години, под водство на селекторот Љубомир Савевски, од денеска до 18 јули ќе настапи на шампионатот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), дивизија Б, кој ќе одржи во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Деветте репрезентации се поделени во две групи, во А се Исланд, Полска, Белорусија и Финска, а во групата Б се Македонија, Холандија, Фарски Острови, Косово и БиХ. Првите две селекции од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето. Вкупниот победник обезбедува место во дивизијата А.
Прв ривал на Македонија е БиХ, а натпреварот се игра денеска. В понеделник, Македонките ќе играат со Фарски Острови, в среда со Холандија и в четврток со Косово. Сите дуели на Македонија почнуваат во 20.30 часот.
Ист ваков шампионат се игра и во Италија, каде што учествуваат Бугарија, Италија, Србија, Турција (група А), Израел, Литванија и Шпанија (група Б).