Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ракометната репрезентација до 19 години го доживеа вториот пораз на Светското првенство, откако загуби од фаворитот во групата Данска, со 26-29. Избраниците на селекторот Данило Брестовац иако одиграа солиден натпревар, на крајот немаа сили за пресврт против фаворизираните Данци.

Со оваа победа, Скандинавците остануваат непоразени во групната фаза, додека за Македонија ова е втор неуспех на Мундијалот, по изненадувачкиот пораз од Аргентина.

Мартин Серафимов беше најдобар стрелец кај Македонија со девет гола, Ненад Костески постига шест.

Утревечер во 20.30 часот е последниот натпревар во групата за Македонија, каде нашите репрезентативци ќе се сретнат со Јапонија во спортскиот центар „Борис Трајковски“.