Фото: РФМ

Шведска, Чешка, Бразил, САД и Зеленортските Острови пријавија позитивни случаи на коронавирус, со што ракометната репрезентација на Македонија како прва резерва и натаму е во исчекување дали ќе се најде на претстојното Светско првенство кое почнува утре во Египет.

При последните тестови на репрезентацијата на Зеленортските Острови било утврдено дека има седум ракометари заразени со ковид-19. САД, претходно имаа 18 случаи на коронавирус во репрезентацијатa, но изразија намера да одат на Мундијалот и со 12 играчи во составот.

Македонија е на готовс и ја чека разврската, додека домаќинот на СП Египет, исто така бележи проблеми со справувањето со заразата, со што организацијата на Мундијалот е отежната.