Ракометната репрезентација на Македонија го совлада Кувајт со 27-24 во првиот од двата предвидени контролни мечеви кои ќе се одиграат во Србија, во рамките на подготовките за претстојното Европско првенство.

Македонија имаше највисоко водство од седум гола во два наврати, 18-11 во 39-та минута и 20-13 во 43-та минута, по што го доби дуелот без поголеми проблеми.

Најефикасен македонски ракометар беше Ненад Костески со осум погодоци, додека Никола Марковски и Мартин Велковски ја затресоа противничката мрежа по четири пати. Марко Кизиќ забележа 12 одбрани на голот.

Селекторот Данило Брестовац реши за овие две средби да ги одмори искусните ракометари, давајќи им шанса за докажување на помладите.

Македонија и Кувајт ќе одиграат и втор натпревар, утре од 19 часот.