Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години вечерва ја забележа втората победа на Светското првенство и го обезбеди пласманот во осминафиналето откако ја доби битката против Бахреин со 27-25.

Вечерва, „црвено-жолтите“ постојано беа во водство против нивните врсници од Бахреин. На полувреме резултатот беше 12-9, а македонските ракометари ја чуваа предноста се до 55-тата минута кога резултатот беше изедначен на 23-23.

На само неколку секунди до крајот, Македонија сепак успеа да го зададе победоносниот удар за осигурување на пласман во осминафиналето.

Најдобар стрелец беше Мартин Серафимов со 10 погодоци. По утрешниот слободен ден, нашата репрезентација в недела игра против Данска.