Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме води против репрезентацијата на Бахреин со 12:8.

Македонските ракометари одлично го започнаа натпреварот и дојдоа до предност од четири гола, но по тајм аутот, Бахреин се врати откако Македонија дозволи серија на противникот од 5:0, без да постигне гол речиси 12 минути.

Сепак, во вториот дел од првото полувреме македонските ракометари притиснаа посилно и дојдоа до предност од четири гола.