Ма­ке­дон­ска­та жен­ска ра­ко­мет­на ре­пре­зен­та­ци­ја се нај­де на че­кор до плас­ман во ба­ра­жот за Свет­ско­то пр­венс­тво в го­ди­на во Ја­по­ни­ја, отка­ко во ре­ша­вач­ки­от втор нат­пре­вар од ква­ли­фи­ка­ци­и­те по­бе­ди про­тив Ис­ланд со 29-21. Прет­ход­но ма­ке­дон­ски­те ре­пре­зен­та­ти­вки сла­веа убед­лив три­умф во 1-то ко­ло над ау­тсај­де­рот Азер­беј­џан (42-23).

Во два­та ква­ли­фи­ка­ци­ски ме­ча из­бра­нич­ки­те на се­ле­кто­рот Си­ме Си­мов­ски по­ка­жаа дис­цип­ли­на, бор­бе­ност и си­гур­на игра од пр­ва­та до пос­лед­на­та ми­ну­та. Таа си­гур­на игра во од­бра­на­та и ефи­кас­но иско­ри­сте­ни­от на­пад на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја ѝ до­не­се убед­ли­ва игра и кон­тро­ла врз ре­зул­та­тот во два­та ме­ча, не­што што ѝ не­до­сти­га­ше на се­лек­ци­ја­та во прет­ход­ни­те ква­ли­фи­ка­ци­ски цик­лу­си. Дес­но­то кри­ло Са­ра Ри­стов­ска со 20 го­ла е нај­е­фи­кас­на во ма­ке­дон­ски­от со­став, а втор стре­лец е ле­во­то кри­ло Јо­ва­на Саз­дов­ска со 12 ре­а­ли­за­ции.

По две­те ко­ла Ма­ке­до­ни­ја има ма­кси­мал­ни че­ти­ри бо­да за пр­ва по­зи­ци­ја на та­бе­ла­та. Во пос­лед­ни­от нат­пре­вар си­но­ќа, ма­ке­дон­ски­те ра­ко­ме­тар­ки за про­тив­ник ја имаа се­лек­ци­ја­та на Тур­ци­ја (ко­ја прет­ход­но за­гу­би од Ис­ланд со 36-23) и се оче­ку­ва­ше уште ед­на по­бе­да за за­вер­ка на пр­во­то ме­сто во гру­па­та и плас­ма­нот во јун­ски­от ба­раж за СП 2019. Плас­ман во ба­ра­жот обез­бе­ду­ва­ат пр­воп­ла­си­ра­ни­те се­лек­ции во че­ти­ри­те гру­пи и нај­до­бра­та вто­роп­ла­си­ра­на еки­па.