Фото: Маја Јаневска-Илиева

Централниот бек Миркуловски ќе ја има улогата на тренер-играч, а помошни тренери во стручниот тим ќе бидат поранешните репрезентативци Бранко Ангеловски, Ацо Јоноски и Билјана Црвенковска

РАКОМЕТ

Селекторот на македонската машка репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари за претстојниот квалификациски двомеч со Данска за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2022 година, што ќе се игра во Унгарија и во Словачка. Лазаров ги објави и имињата на четворицата помошници во неговиот стручен тим. Од клупата како тренер-играч ќе му помага централниот бек Филип Миркуловски, а улогата на помошни тренери ќе ја имаат поранешните репрезентативци Бранко Ангеловски, Ацо Јоноски и Билјана Црвенковска.
На поширокиот сениорски репрезентативен список на Лазаров се најдоа осум нови млади ракометари, и тоа бековите Игор Георгиев (ГА КЛ 7), Мартин Иваноски (Охрид), Томче Стојановски (Бутел Скопје), Никола Цветаноски (Струга), Мартин Карапалевски (Вардар), Дејан Кукуловски (Еурофарм Пелистер), Емилијан Ѓорговски (ГА КЛ 7) и пикерот Кристијан Симоноски (ГА КЛ 7).
Квалификациските дуели со актуелниот светски првак Данска се закажани за 11 март (во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје) и три дена подоцна во Алборг.

Македонија и Данска имаат по четири бода од победите над Финска и над Швајцарија во првите две квалификациски кола. Пласман на ЕП обезбедуваат двете најдобропласирани репрезентации од секоја група и четири најдобри меѓу третопласираните селекции.
На поширокиот список се: голмани: Никола Митревски (Порто, Португалија), Мартин Томовски (Лудвигсхафен, Германија), Марко Кизиќ (Вардар), Градимир Чаневски (Еурофарм Пелистер), Андреј Петковски (ГА КЛ 7). Леви крила: Дејан Манасков (Веспрем, Унгарија), Бојан Маџовски, Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Димитар Димитриоски (Вардар). Десни крила: Гоце Георгиевски, Томислав Јагуриновски (Вардар), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер), Мартин Поповски (Амичитија, Швајцарија). Пивоти: Стојанче Стоилов (Вардар), Жарко Пешевски (Штутгарт, Германија), Никола Маркоски (Еурофарм Пелистер), Михаил Аларов (Пролет), Кристијан Симоноски (ГА КЛ 7).

Леви бекови: Филип Талески (Вардар), Филип Кузмановски (Хановер, Германија), Дејан Кукуловски (Еурофарм Пелистер), Емилијан Ѓорговски (ГА КЛ 7), Михајло Младеновиќ (Охрид). Централни бекови: Филип Миркуловски (Вецлар, Германија), Марко Мишевски (Вардар), Горан Крстевски (Фочани, Романија), Марио Танкоски (Еурофарм Пелистер), Игор Георгиев (ГА КЛ 7), Мартин Иваноски (Охрид), Томче Стојановски (Бутел Скопје), Никола Цветаноски (Струга), Мартин Карапалевски (Вардар). Десни бекови: Мартин Велковски (Еурофарм Пелистер), Мартин Серафимов (Металург), Кирил Лазаров (Нант, Франција).