ИХФ го одбележа подвигот на капитенот на Македонија

Капитенот Кирил Лазаров стигна до импресивната бројка од 500 гола во македонскиот дрес на големите натпреварувања, 22 години по неговиот прв настап на Светското првенство, токму во Египет во 1999 година.

Тој со право беше прогласен за играч на мечот против Белорусија (26-30) на кој постигна седум погодоци, а во чест на Лазаров Светската ракометна федерација (ИХФ) направи интересна компилација од неговите настапи за македонската репрезентација.

Во прилог на видеото е наведена и пораката „Лазаров Велики“.