Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за полуфиналето за Купот на Македонија кој ќе се одржи во Битола од 18 до 19 мај.

Актуелниот освојувач на трофејот, РК Вардар во полуфиналето ќе се сретне со Пелистер.

Во вториот дуел, борба за пласман во финалето ќе водат Еурофарм и Металург.

Полуфиналните дуели ќе се одиграат во петок на 18 мај, додека финалето е во сабота на 19 мај.

Во женска конкуренција исто така сили ќе измерат Вардар и Пелистер. Втората полуфинална двојка пак е Металург – Вардар јуниор.

Ф4 турнирот во женска конкуренција ќе биде организиран во Скопје (19-20 мај).