Градот Куманово како организатор и домаќин на завршницата од ракометниот Куп во
машка и женска конкуренција ќе биде спремен за натпреварите кои во наредните четири дена ќе се одиграат во спортската сала во Куманово.

Во спортската сала во Куманово, моментно, привршуваат завршните работи околу поставување на подлогата што беше и главен предизвик за организаторот на турнирот, ЖРК Куманово.

На овогодинешната завршница од ракометниот Куп на Македонија што во наредните четири дена ке се одржи во Куманово, во женска конкуренција учествуваат домаќинот ЖРК Куманово, ЖРК Металург, ЖРК Вардар и ЖРК Стружанка, а во машка конкуренција, шампионот Вардар, Металург, Еурофарм Работник и Бутел.

Турнирот започнува денеска во 17 часот со полуфиналните натпревари во женска
конкуренција, а ќе го отворат екипите на ЖРК Вардар И ЖРК Стружанка, додека пак за
вечерва во 20 часот закажан e дерби натпреварот од второто женско полуфинале
помеѓу екипите на ЖРК Куманово и ЖРК Металург. Женското финале од ракометниот
Куп е закажано за сабота во 16 часот.

Турнирот продолжува утре со полуфиналните натпревари во машка конкуренција каде
што во првиот полуфинален натпревар кој е закажан за утре во 17 часот ќе се
сретнат Металург и Бутел, додека пак, во второто полуфинале во
вечерниот термин од 20 часот ќе се стретнат Вардар и Еурофарм работник. Машкото финале од Купот е закажано за недела во 20 часот. Т.Д.