РАКОМЕТ

Во пресрет на денешните мечеви од 1. коло во Лигата на шампионите (ЛШ), Европската ракометна федерација (ЕХФ) традиционално го објави рангирањето за можностите на 16-те годинашни учесници во најсилното клупско натпреварување. Прв на листата на ЕХФ е Кил, кој во сезоната 2020/2021 стигна до четврт-финалето. Според ЕХФ, втор е Веспрем, кој сезонава првпат по шест сезони во низа не играше на завршниот турнир во Келн.
Реконструираниот тим на актуелниот европски првак Барселона ја има третата позиција на рангирањето на ЕХФ, а Киелце се најде на четвртата позиција. ПСЖ е на петтото место, амбициозниот Алборг ја доби шестата позиција, Сегед е седми, Мотор ја има осмата позиција, Монпелје е деветти, а првите 10 на листата на ЕХФ ги заокружи Загреб.
Сезоната во ЛШ ќе почне со денешните дуели Елверум – Вардар, Монпелје – Сегед, Мешков Брест – Кил (сите од 18.45 ч.) и Загреб – Алборг (20.45 ч.), а 1. коло ќе се комплетира со утрешните дуели Динамо – Киелце, Мотор – Порто, Веспрем – ПСЖ и Фленсбург – Барселона.