Репрезентацијата на Франција го освои третото место на ракометното Светско првенство. Французите попладнево во дански Хернинг во малото финале ја победија Германија со 26-25. Победничкиот гол беше дело на Никола Карабатиќ во последната секунда.

Германците кои првпат на Мундијалот играа надвор од својата земја, не успеаја да дојдат до бронзениот медал и покрај водството на полувреме со четири голови разлика (13-9), а во последната минута имаа и напад за победа.

Најефикасен во триумфот на „триколорите“ беше Кентан Мае со седум голови, додека во поразениот тим се истакна Уве Генсхајмер со шест погодоци.

Од 17.30 часот ќе почне големото финале во кое се среќаваат кодомаќинот на шампионатот Данска и Норвешка.