Настапот на Медитеранскиот шампионат во Атина ќе биде одличен тест за оваа генерација ракометари, кои летово треба да бидат домаќини на шампионатот на ЕХФ од дивизијата Б

Македонската машка кадетска репрезентација составена од ракометари родени 2002/2003 ќе биде дел од 17-от Медитерански шампионат за ракометари до 19 години, кој од 17 до 22 февруари ќе се одржува во Атина, Грција. На овој шампионат ќе настапат 14 селекции од кои осум европски (Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Грција, Романија, Шпанија и Турција) три азиски (Саудиска Арабија, Бахреин и Кувајт,) и три африкански (Тунис, Египет и Мароко).

Репрезентациите ќе бидат поделени во две групи со по седум репрезентации. Четирите најдобропласирани селекции во групите ќе продолжат во четврт-финалето на шампионатот, а победниците од таа фаза ќе обезбедат пласман во полуфиналето и борбата за медали. Поразените во четвртфиналната рунда ќе разигруваат за пласман од 5-то до 8-мо место, а селекциите што нема да обезбедат четврт-финале ќе разигруваат за пласман од 9-то до 14-то место. Ждрепката на групите ќе се влече еден ден пред почетокот на шампионатот, на 16 февруари.

Собирот на македонските кадети закажан е два дена пред почетокот на шампионатот, во салата „Автокоманда“ во Скопје. На списокот на селекторот Никола Матлиевски се 17 ракометари, од кои четворица од редовите на КЛ-7, по тројца од Металург, Вардар и од Аеродром, и по еден од РК Алушовски, Пелистер, Охрид и Вардар Неготино.
Настапот на Медитеранскиот шампионат ќе биде одличен тест за оваа генерација ракометари, кои летово треба да бидат домаќини на шампионатот на ЕХФ од дивизијата Б.


Прв турнир за пионерската селекција

Двомеч со селекцијата на Романија ќе биде првиот тест за пионерската ракометна репрезентација на Македонија, која е составена од ракометари родени 2004/2005 година. Тренерите на оваа селекција, Кирил Атанасовски и Раде Стојановиќ, за турнирот во Букурешт повикаа 17 ракометари од кои петмина од Вардар, четворица од Металург, двајца од КЛ-7 и по еден од Бутел, Охрид, Партизан Гевгелија, Младост Богданци, Аеродром и РК Алушовски. 


КАДЕТСКА СЕЛЕКЦИЈА
Давид Ацевски Металург
Матеј Ивановски Алушовски
Филип Димевски Металург
Дамјан Димитриески Вардар
Емилијан Ѓорговски КЛ 7
Теодор Тодески Металург
Христијан Митрески Пелистер
Марко Митев Аеродром
Владимир Трајковски КЛ 7
Бојан Чакалиќ Вардар
Давид Ставревски Вардар
Мартин Димовски КЛ 7
Ѓорѓи Ташев Вардар Неготино
Бојан Спасовски Аеродром
Стефан Стојчевиќ Аеродром
Филип Крстески КЛ 7
Михаил Ивановски Охрид


ПИОНЕРСКА СЕЛЕКЦИЈА
Давид Брестовац Металург
Наум Симјановски Бутел
Иван Галевски КЛ-7
Никола Ристески Охрид
Марио Стојановски Вардар
Тодор Узунчев Партизан
Стојанче Наумовски Младост
Ениз Идризи Аеродром
Славчо Шулевски КЛ-7
Андреј Стојановски Металург
Андреј Петрушевски Вардар
Христијан Петковски Вардар
Ненад Белистојаноски Алушовски
Александар Петковски Металург
Георгиј Спасовски Вардар
Александар Стојменов Вардар
Михаил Тотиќ Металург