Одлуката е донесена денеска и Блажевска е именувана за в.д. претседател, се до следното собрание на кое треба да биде избран новиот претседател на РК Металург.

Станува збор за досегашниот Генерален секретар на Металург Зорица Молкоска Блажевска, која доаѓа на местото на Зоран Цветановски, досегашниот претседател на Металург.

Долгогодишната работа во ракометните кругови, нејзиниот ангажман и отвореноста во комуникацијата со јавноста и со медиумите, беа доволна препорака за изборот на Блажевска на оваа функција и таа веројатно е првата жена-претседател во клубовите што настапуваат во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите.