Салата „Автокоманда“ во Скопје минатиот викенд беше собиралиште на најмладите фиданки на ракометната Академија на Металург, кои со мечевите од првото и второто коло ја започнаа 13-та сезона во мини-лигата на Металург.

Во годинешното издание на мини-лигата учествуваат 29 екипи во западната и 16 екипи во источната група, во кои членуваат повеќе од 750 потенцијални ракометари.
Западната група ја сочинуваат школите од Скопје, Кичево, Прилеп и од Кавадарци, а во источната група се школите од Виница, Пробиштип, Берово, Македонска Каменица, Крива Паланка и од Кочани.

Мини-лигата на Металург ги опфаќа децата од генерациите 2004/2005 и 2006/2007, кои играа голем ракомет, додека, пак, децата од генерацијата 2008 и помали се натпреваруваа во мини-ракомет. Во двата дена од викендот беа одиграни 24 натпревари во западната и девет во источната група.