Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ракометарките на ЖРК Куманово се пласираа во финалето на Купот на Македонија, откако го совладаа Металург со 27-23, по голема борба во денешниот полуфинален дуел салата „Автокоманда“.

Првото полувреме помина во изедначена игра, завршувајќи со минимално водство на Куманово од 13-12. Гостинките ја зголемија предноста на 19-14 на почетокот на вториот дел по што Металург се доближи на два разлика во завршницата, но немаше сили за да изедначи.

Ива Божиновска од Металург беше најефикасна на мечот со седум гола, додека кај Куманово по шест погодоци постигнаа Боризовска, Ангела Јанкуловска и Амела Џакмиќ.

Куманово во финалето ќе игра со подобриот од вториот полуфинален дуел помеѓу ЖРК Вардар и ЖРК Чаир кој се игра моментно. Т.Д.