Во вториот полуфинален натпревар од Купот што вечерва се одигра во спортската сала во Куманово, ракометарките на Куманово ја совладаа екипата на ЖРК Металург со 29-22 (15-10), со што се изборија за пласман во големото финале, во кое ќе се сретнат со ЖРК Вардар в сабота (16 часот).

Тие на вечерашниот втор полуфинален натпревар максимално ја искористија
предноста на домашниот терен и бодрени од многубројната публика во спортската
сала во Куманово го совладаа Металург.

Најефикасни ракометарки во победничката екипа на Куманово беа Ана Шарановиќ со
девет и Сања Дабевска со осум гола, додека кај Металург се издвоија Јана Калајџиевска со седум и Леонида Гичевска со пет постигнати погодоци. Т.Д.