Во првиот полуфинален натпревар, што денеска попладне се одигра во спортската сала во Куманово, ракометарките на ЖРК Вардар ја совладаа екипата на ЖРК Стружанка со 27:18 (16:12) со што се изборија за пласман во финалето што е на програмата во сабота со почеток во 16.00 часот.

Тие на денешниот полуфинален натпревар во текот на целиот натпревар беа подобар противник и имаа целосна контрола врз играта и врз резултатот и речиси во текот на целиот натпревар беа во постојана резултатска предност од 5-6 голови разлика што на крајот и резултира со сигурна победа и пласман во финалето од купот на Македонија.

Тие во саботното финале за противник ќе го чекаат победникот од вечерашниот втор полуфинален натпревар помеѓу екипите на домаќинот ЖРК Куманово и ЖРК Металург од Скопје што се игра вечерва во 20.00 часот. Најефикасни ракометарки во победничката екипа на Вардар беа Ангела Костовиќ со 7 и Мирјана Петковска со 5 голови додека пак кај екипата на Стружанка Теодора Маркоска со 7 и Бојана Јованоска со 5 постигнати голови.

Т.Д.