Гијом Жил

РАКОМЕТ

Иако не уживаше општа доверба кај европската ракометна публика пред ЛОИ во Токио, францускиот селектор Гијом Жил по освојувањето на златниот медал се запиша во историја како трет човек што триумфирал на ЛОИ како играч и како тренер.
Како играч Жил беше дел од златниот олимписки тим на Франција што освои злато на Игрите во Пекинг 2008 и во Лондон 2012, а во Токио беше на чело на францускиот состав како селектор. Пред него ваков успех имаат постигнато само двајца легендарни ракометни великани, Србинот Бранислав Покрајац и Русинот Владимир Максимов.
Првиот во историјата кому му успеа тоа беше Покрајац, кој како дел од составот на поранешна Југославија освои злато на ЛОИ во Минхен 1972, а како селектор на Југославија, 12 години подоцна, на Игрите во Лос Анџелес 1984 исто така освои медал.
Максимов, пак, златен медал како играч освои на Игрите во Монтреал 1976, а има и два медали како тренер, и тоа како помошник-тренер на репрезентација на Русија на ЛОИ во Барселона 1992 и како селектор на Русија на ЛОИ во Сиднеј 2000 година. Та.Д