Металург загуби од Еурофарм Работник со 28-41 во дербито одиграно во Битола, во рамките на 7-то коло од плејоф-завршницата на домашниот ракометен шампионат.

Натпреварот беше изедначен до 20-та минута (9-9), по што домаќинот направи серија за да замине на полувреме со предност од 20-13, што се покажа како пресудно за победата.

Филип Кузмановски беше најефикасен кај Еурофарм Работник со девет гола, додека Томислав Јагуриновски се истакна кај Металург со осум погодоци.

Во вториот меч од плејофот, Бутел беше подобар од Пелистер со 32-24.

Еурофарм Работник е водечки на табелата со 15 бода од шест средби, пред Металург кој има 12 поени од седум меча, додека потоа следи Вардар кој има девет бода од три одиграни натпревари.

Металург во следната рунда го пречекува Тинекс Пролет, а Еурофарм Работник се среќава со градскиот ривал Пелистер.