Еурофарм Работник ќе почека за својата прва победа во деби сезоната во ЕХФ Лигата на шампиони, откако повторно лошото второ полувреме беше причина за пораз, овојпат на гостувањето кај Бидасоа Ирун во Шпанија од 25-26 (14-11).

Во првото полувреме, благодарение на шесте гола на Владислав Остроушко, тимот на Стевче Алушовски имаше предност од 14-11 против досега непоразениот тим во групата Д, меѓутоа баскискиот клуб се созеде и во финишот стигна до третата победа во низа.