Фото: Фејсбук/Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер славеше против Металург со 24-22 во вечерашниот неизвесен дерби-дуел од првото коло на Струшкиот ракометен турнир.

Битолчани имаа предност од 15-12 по првото полувреме, додека Металург во вториот дел се доближи на негатива од еден гол, но во четири наврати пропушти напади за изедначување на резултатот.

Томислав Кушан од Еурофарм Пелистер беше најефикасен на мечот со пет гола, додека кај Металург се истакнаа Бранко Канкараш, Никола Потиќ и Мартин Серафимов кои постигнаа по четири погодоци.

Во преостанатите денешни средби, ракометарите на Охрид остварија победа над Бутел од 25-24, додека Прилеп беше подобар од Струга со 32-28.

Утре се среќаваат Бутел – Еурофарм Пелистер 2, Металург – Прилеп и Вардар – Охрид.