Со денешниот дуел (15 ч. – пренос на МТВ), помеѓу хрватскиот вицепрвак Нексе и македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер, ќе започне осминафиналната фаза во ракометната Регионална лига (РЛ). Овој меч ќе претставува и официјално деби за новиот тренер на клупата на битолчани, Хрватот Жељко Бабиќ, кој дојде на местото на Стевче Алушовски, кој во меѓувреме стана тренер на Вардар. Под водство на Бабиќ, Еурофарм Пелистер во изминатиот период одигра неколку пријателски меча (два со КЛ-7, со Вардар, Суботица и Војводина), во кои новиот стратег имаше можност да се запознае со играта и можностите на ракометарите од неговиот тим и, според тоа, да подготви стратегија за претстојниот двомеч со хрватскиот вицепрвак.
За Еурофарм и Нексе ова ќе биде трет меѓусебен дуел по минатогодишните пресметки во групната фаза на Купот на ЕХФ, во кои секоја од екипите го искористи домашниот терен и извојува победа. Реваншот е закажан за 12 февруари во Битола. Победникот од двомечот продолжува во четврт-финале, каде што за противник ќе го има актуелниот и петкратен првак во РЛ, Вардар.

Во другите осминафинални дуели ќе се сретнат Спартак – Татран (утре, 15 ч.) и Металопластика – Војводина (утре, 19 ч.).

Реваншите се играат следната недела, на 8.2 (18 ч.) ќе се сретнат Татран и Спартак, на 11.2 (7.15 ч.) е закажан реваншот меѓу Војводина и Металопластика, а на 12.2 (20.15 ч., пренос на МТВ), Еурофарм ќе го пречека Нексе. Двомечот, пак, меѓу Пекинг и Мешков е закажан на 2 и 3 март.