Доколку не дојде до некои непредвидени несогласувања, наскоро ракометниот клуб Пелистер ќе замине во историјата и клубот ќе се претопи во Еурофарм Пелистер.

Новиот клуб, кој ќе се добие по купувањето на акциите на РК Пелистер од страна на „Еурофарм“ ќе се вика Еурофарм Пелистер.

Ваков е предлогот на „Еурофарм“, кој изрази подготвеност да ги купи акциите на РК Пелистер.

За предлогот на „Еурофарм“ денеска во Советот на Битола се води отворена расправа, на која се разгледува предлогот на битолските „фарамцевти“ да ги купат 100 отсто акциите на РК Пелистер.

На седницата присуствуваат и водачите на навивачката група „чкембари“, кои сакаат изворно да се запознаат со понудата на „Еурофарм“.

Доколку партиите се усогласат околу понудата на „Еурофарм“, во текот на утрешниот ден би се одржала нова седница на Советот на која би се донела одлука за продажба на акциите на РК Пелистер.

М.М.