Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац денеска во Виена го направи последниот рез пред утрешното деби на ЕП2020 против селекцијата на Украина. Македонија на мегдан против Украинците ќе биде без Мартин Серафимов и Горан Крстески.

Тие се последните двајца од 18 ракометари што селекторот ги поведе во главниот австриски град. Нивното изоставување се однесува само за утрешниот меч, а за наредната пресметка која нашите ракометари во недела ќе ја имаат против Чешка дополнително ќе се утврди кој ќе отпадне од комбинација.

Македонија попладнево од 18:30 часот го има првиот тренинг во салата во која ќе ги игра натпреварите од групната фаза против Украина, Чешка и домаќинот на првенството (еден од домаќините покрај Шведска и Норвешка), селекцијата на Австрија.

Утре нашата репрезентација од 20:30 часот ќе го игра дуелот против Украина.