Викендов продолжуваат натпреварите и во женската ракометна Суперлига, со 15-то коло. По одигрувањето на 18 кола и ракометарките ќе разигруваат во плејоф и во плејаут, но сезонава нема да има испаѓање од лигата. Петте првопласирани екипи по 18 кола ќе разигруваат за титулата, а досега Металург и Куманово обезбедија место во плејофот. Денеска играат ЦЕМС – Деспина, Гевгелија – Вардар и Пелистер – Металург, а утре Куманово – Стружанка и Спартак – Овче Поле, сите од 13 часот. Табела: Металург 36, Куманово 34, Вардар 28, Стружанка 28, Пелистер 27, Спартак 20, Деспина 13, Гевгелија 12, ЦЕМС 9 и Овче Поле 0.