Домашната селекција на Египет го совлада Чиле со 35-29 на отворањето на Светското првенство во ракомет.

Египет предводен од поранешниот тренер на Вардар Роберто Парондо, ја оправда фаворитската улога против Чиле во натпреварот од групата Г, во која ќе се наоѓаат и Македонија и Шведска. „Фараоните“ рутински го добија дуелот откако стекнаа предност од 18-11 на полувреме.

Јехија Елдера беше најефикасен кај победничката репрезентација со шест гола, додека кај Чиле предничеше Родриго Салинас со осум погодоци.

Македонија утре го игра својот прв натпревар на Мундијалот, против Шведска од 20.30 часот.