Ракометарките на Куманово попладнево на домашен терен ја совладаа екипата на Металург со 24-11 (9-11) во дербито на 19-то првенствено коло, со што уште повеќе ги зголемија шансите за освојување на шампионската титула.

Натпреварот помина во изедначена игра, а гостинските ракометарки на ЖРК Металург денеска во Куманово се претставија во добро издание и се до 52-та минута, беа подобар противник и беа во постојано водство. Потоа, домашните ракометарки, благодарение пред се, на серијата од четири последователни голови на Јована Кипријановска, во завршницата успеаја да направат пресврт и да стигнат до важната победа.

Денешниот натпревар се чини, сепак, го одлучи квалитетот, но и подобрата физичка подготвеност на домашните ракометарки, додека пак на гостинските ракометарки на Металург им преостанува само да жалат затоа што на крајот загубија, и покрај добрата игра.

Најефикасни ракометарки кај домашната екипа беа Јована Кипријановска со 8 и Александра Боризовска и Амела Џакмиќ со по 4 гола, додека кај гостинската екипа најпрецизни беа Ивана Арсениевска со 6 и Теодора Гулицоска со 4 постигнати гола.
Т.Д.