РАКОМЕТ

Првиот ракометен ден на машкиот турнир на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио помина без изненадувања кога се во прашање резултатите, меѓутоа актуелниот светски и олимписки првак, Данска, приреди вистински спектакл, во кој по 60 минутна игра беа соборени два рекорда.
Во дуелот со домаќинот Јапонија, Данците славеа со 47-30, одигрувајќи го најефикасниот меч на ЛОИ досега, со 77 постигнати гола. Претходниот рекорд го држеа селекциите на Шпанија и на Бразил, кои на ЛОИ 2008 постигнаа 71 гол (36-35). Со 47-те гола против Јапонија, Данска стана и рекордер според бројот на постигнати погодоци на еден олимписки меч, соборувајќи ги досегашните рекорди на Франција и на Шведска, кои имаа по 44 реализации на еден дуел.


ПРВО КОЛО

Норвешка – Бразил 27-24
Франција – Аргентина 33-27
Германија – Шпанија 27-28
Шведска – Бахреин 32-31
Португалија – Египет 31-37
Данска – Јапонија 47-30
ВТОРО КОЛО, ДЕНЕСКА
Бразил- Франција 2 ч.
Аргентина – Германија 4 ч.
Шпанија – Норвешка 9.15 ч.
Египет – Данска 7.15 ч.
Бахреин – Португалија 12.30 ч.
Јапонија – Шведска 14.30 ч.