Горан Ѓоргоноски го анализира Мундијалот во Египет за „Нова Македонија“

Домаќинот предводен од Гарсија Парондо покажа многу на овој шампионат. Во ситуација кога нивната антропологија е феноменална и физички се доминатни, покажаа дека со систем на работа и секако услови за имплементација на истиот, може една африканска држава да одигра квалитетно на тактички план, со дисцилина и одговорност во самата игра. Египет ќе има што да каже и на следните големи натпреварувања… Има ли некој, освен Египет, да ги антиципира новите трендови во ракометот, пишува поранешниот македонски репрезентативец и ракометен аналитичар Горан Ѓоргоноски, во неговата анализа на неодамна завршеното Светското првенство во ракомет одржано во Египет, која можете да ја прочитате во утрешното викенд-издание на „Нова Македонија“.