Селекторот на Македонската сениорска репрезентација, Раул Гонзалез го објави списокот на ракометари повикани за подготвителниот период за претстојното СП 2019 во Германија и Данска.

Македонија на Светското првенство ќе биде без повредениот Филип Миркуловски, а на списокот ги нема и Немања Прибак, Гоце Ојлески и Никола Марковски.

Собирот на ракометари е закажан на ден 24.12.2018 (понеделник) со почеток во 16:30 часот во хотел Александар Палас во Скопје.