Ракометниот клуб Голден Арт ја информира пошироката спортска јавност дека на 6 септември (понеделник) преку својот адвокат поднесе барање до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за супензија поради неисплонување на обврските од договорот за следните играчи: Олег Јорданов, Кристијан Симоноски, Божидар Илиески, Марко Стојковиќ, Филип Крстески, Мартин Димоски, Александар Стојков, Ѓорѓи Ерманоски, Емилијан Ѓорговски и Никола Цветаноски.

Согласно потпишаните договори со играчите наведени погоре, клубот од своја страна кон играчите ги има исплатено сите обврски во однос на финансиски средства и испочитувано сите услови пропишани во договорите со истите. Иако Голден Арт уредно ги покани сите играчи со важечки договори да се приклучат на подготовките на екипата, ниту еден од нив не се појави на тренинг и не го информираше клубот за својата одлука да го напушти истиот, по што клубот ги суспендираше играчите.

Исто така, Голден Арт информира дека е отпочната и судска граѓанска постапка против сите играчи кои до сега не се јавиле на подготовките на клубот за оваа сезона, и побарана е заштита од сите релевантни домашни и меѓународни спортски истанци.

Доколку не се преземат соодветни мерки од страна на РФМ, и не се одговори позитивно на нашето барање, ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ќе ги оспори резултатите на клубовите за кои ќе настапат играчите за кои се бара суспензија, и ќе го смета првенството за нерегуларно.

Во интерес на развој на спортот, а во улога на спортски клуб кој од своето формирање води политика на инвестирање во млади македонски ракометари кои во иднина ќе се стават на располагање на националниот тим и ќе ги бранат боите на Македонија, апелираме до сите релевантни институции, вклучувајќи ја тука и матичната федерација, да се почитуваат договорите и да не се дозволи регистрирање и настап на играчи со важечки договори.