Репрезентацијата на Германија со победа од 30-19 (17-10) над репрезентацијата на обединета Кореја го отвори Светското првенство во ракомет, на кое се ко-домаќини со Данска.

Во Берлин, германските ракометари уште од стартот имаа целосна контрола на резултатот и немаа поголеми проблеми против Корејците, кои за првпат играат под заедничко знаме. „Панцирите“ на полувремето водеа со +7, а потоа рутински ја зголемуваа предноста до конечен триумф од +11.

Генсхајмер реализираше седум гола, додека Фекелер реализираше четири за победничкиот тим. Кај Корејците, Јанг и Канг се истакнаа со по четири гола, а добар меч кај поразениот тим имаше голманот Парк со дури 17 одбрани.

Во наредното коло, Германците играат со Бразил, додека Кореја се среќава со Русија.

Во вториот натпревар од денешната програма, Данска игра против Чиле во Копенхаген.